Top Sport

Халеп ќе одлучи дали ќе патува во Њујорк по турнирот во Прага

Светската тенисерка број 2, Романката Симона Халеп ќе ја донесе конечната одлука за учество на САД опен по турнирот во Прага, откако светската тенисерка бро ј 1, Австралијката Ешли Барти веќе реши да го прескокне американскиот гренд слем.

28-годишната двократна гренд слем шампионка би била прва носителка  и прва фаворитка за титулата доколку се реши да игра на САД опен.

„Ќе одлучам по турнирот во Прага, бидејќи сите знаеме дека ситуацијата во САД е тешка. Потребно ми е да добијам чувство, да видам какви промени ќе направат организаторите на турнирот во Њујорк со патувањето и условите“, вели Халеп.

На гренд слемот сигурно ќе отсутвува актуелниот шампион Рафаел Надал, кој реши да паузира и да се фокусира на Ролан Гарос, и Роџер Федерер, кој се опоравува од повреда. Кај дамите, петторангираната Елина Свитолина од Украина и седмата носителка, Кики Бертенс од Холандија се повлекоа поради загриженост за корона вирусот.

Халеп е прва носителка во Прага, и ќе игра со Словенката Полона Херцог во првото коло.

Scroll to Top