Top Sport

Халеп ќе се бори за титулата во Рим

Романката Симона Халеп избори пласман во финалето на женскиот дел од мастерсот во Рим. Халеп по голема борба ја победи Шпанката Гарбиње Мугуруза со 6/3, 4/6, 6/4. Мечот на централниот терен траеше два часа и 16 минути.

Халеп со сигурна игра го доби првиот сет во кој два пати и го одзеде сервисот на противничката. Романката имаше брејк и во вториот сет, имаше и предност од 4:2 и сервис, меѓутоа Мугуриза со четири освоени гема во низа се избори за решавакиот сет.

Во последниот сет Халеп имаше 5:1 и сервис, Мугуруза освои три гема меѓутоа немаше сили за комплетен пресврт.

Халеп во финалето ќе игра против подобрата од чешката пресметка помеѓу Маркета Вондрусова и Каролина Плишкова.

Scroll to Top