Романската тениска ѕвезда, Симона Халеп ја доби наградата „Св. апостол Андреј“ од Романската православна црква по фантастичниот успех и првата гренд слем титула оваа сезона.
Халеп, која ја завршува годината како прворангирана тенисерка, пред неколку дена беше именувана за почесен амбасадор на Универзитот Овидиус во Констанца.
„Сакам да почна со благослов и мисла Бог да ни помогне на сите. Ви благодарам за оваа награда се чувствувам почесетена. Секогаш играм во знакот на крстот и верувам во Бога, бидејќи без Бог ништо не може да се оствари. Ви посакувам одлично здравје на сите“, изјави Халеп.
Халеп има статус на вистинска суперѕвезда во својата татковина, што можеше да се забележи при спектакуларниот дочек кој и го приредија по освојувањето на титулата од Ролан Гарос.
Спектакл за Халеп, свирежи за градоначалничката на Букурешт (галерија+видео)