Освоената титула на последниот ВТА-турнир во сезоната ѝ донесе напредок од три позиции на Каролина Вознијацки, која во моментов се наоѓа на третото место на листата.
Број 1 во женскиот тенис е Романката Симона Халеп, втора е вимблдонската шампионка Шпанката Грбиње Мугуруза, а трета е Вознијацки. Разликата помеѓу Халеп и Вознијацки изнесува само 160 бода.
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, на најновата ВТА-листа назадуваше за една позиција и со 201 поен се наоѓа на 260. место.
ВТА-листа, Топ 10:
1. Симона Халеп (Романија) 6.175
2. Гарбиње Мугуруза (Шпанија) 6.135
3. Каролина Вознијацки (Данска) 6.015
4. Каролина Плишкова (Чешка) 5.730
5. Венус Вилијамс (САД) 5.597
6. Елина Свитолина (Украина) 5.500
7. Елена Остапенко (Латвија) 5.010
8. Каролин Гарсија (Франција) 4.420
9. Јохана Конта (Велика Британија) 3.610
10. Кристина Младеновиќ (Франција) 2.885.