Top Sport

Хамилтон пред Надал во изборот за најдобар европски спортист

Светскиот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон во четвртокот е избран за најдобар спортист во Европа за 2019 година. Изборот по 62 пат го организира полската агенција ПАП, а учествуваат Новинските агенции од Европа.

Британецот Луис Хамилтон трет пат во кариерата победи во изборот што го организира ПАП. Тој признанието го доби пред шпанскиот тенисер Рафаел Надал и австрискиот скијач Марсел Хиршер.

Минатогодишниот лауреат Новак Ѓоковиќ заврши на четвртото место.

Топ 20:

1. Луис Хамилтон (Велика Британија, Формула 1) – 151 поен
2. Рафаел Надал (Шпанија, тенис) – 140
3. Марсел Хиршер (Австрија, скијање) – 76
4. Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис) – 71
5. Сифан Хасан (Холандија, атлетика) – 69
6. Вирџил Ван Дајк (Холандија, фудбал) – 61
7. Карстен Вархолм (Норвешка, атлетика) – 47
8. Марк Маркез (Шпанија, мотоциклизам) – 47
9. Јанис Адетокумбо (Грција, кошарка) – 46
10. Јохан Тингнес Бе (Норвешка, бијатлон) – 44
11. Тереза Јохауг (Норвешка, нордијско скијање) – 43
12. Дина Ашер-Смит (Велика Британија, атлетика) – 32
13. Катина Хосу (Унгарија, пливање) – 31
14. Марија Ласицкене (Русија, атлетика) – 27
15. Адам Пити (Велика Британија, пливање) – 22
16. Лука Дончиќ (Словенија, кошарка) – 22
17. Јоханес Клаебо (Норвешка, нордијско скијање) – 22
18. Кристијано Роналдо (Португалија, фудбал) – 19
19. Никлас Каул (Германија, атлетика) – 18
20. Стефанос Циципас (Грција, тенис) – 17

Scroll to Top