Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, сподели потресни вести за здравствената состојба на неговото сакано куче Роско, кое моментално е во индуцирана кома откако неговото срце накратко престанало да чука.
Англискиот булдог, кој со години го следи Хамилтон на трките ширум светот, неодамна беше хоспитализиран поради тешка пневмонија и проблеми со дишењето. Во емотивна објава на Инстаграм, Хамилтон ги замоли фановите да го имаат Роско во своите мисли и молитви.
„Роско повторно доби пневмонија и тешко дише. Примен е во болница и смирен со седативи додека го прегледуваа. За време на процесот неговото срце застана. Успеаја да го оживеат и сега е во индуцирана кома. Не знаеме дали ќе се разбуди. Утре ќе се обидеме да го разбудиме“, напиша Хамилтон.
Тој додаде дека е постојано покрај својот миленик и се заблагодари на сите за поддршката:
Лошата здравствена состојба на Роско се поклопува со исклучително тешката сезона за Хамилтон, кој по преминот од Мерцедес во Ферари сè уште не успеа да се врати на победничкиот пат.
По Големата награда на Азербејџан, каде заврши само осми, Хамилтон се наоѓа на шеста позиција во генералниот пласман и делува разочарано од слабите резултати.
„Многу сум разочаран од мојот настап“, изјави тој по трката во Баку.