Четирикратната освојувачка на грен слем титули, Наоми Осака неодамна се расплака на прес-конференција за медиумите поради едно прашање кое, наводно, било поставено со агресивен тон.
Јапонката едно време беше надвор од терените – се бореше со депресија и анксиозност, проблем што се уште го чувствува кога треба да зборува пред луѓе.
Поради тоа, поранешната тенисерка Даниела Хантучова (некогаш петта светска тенисерка) и одржа лекција на младата колешка.
„Прес-конференциите се дел од работата, поради тоа се викаме професионални спортисти. Тоа е исто како да кажете дека ќе играте на турнир, но ќе играте само со бекхенд. Тоа е искажување непочитување кон турнирот. Прес-конференциите се најмалку нешто што спортитите можат да направат. Ако не сакате притисок, можеби за почеток е најдобро да се тргнете од социјалните мрежи. Тоа се однесува и за Осака. Ако чувствувате дека не сте подготвени за прес-конференции, можеби е најдобро да не доаѓате на турнирот“ заклучи Хантучова.