Одложениот меч помеѓу поранешниот шампион во тешка категорија, Дејвид Хеј и неговиот британски сонародник Тони Белју ќе се одржи на 5 мај.
Белју го совлада Хеј во март на поени во меч во кој Хеј боксуваше со скинат мускул, а требаше да се вратат во рингот овој месец, пред Хеј да се повреди при тренинг. Обновениот дуел ќе се одржи во „О2 арената“ во Лондон.
„Пресреќен сум што можам да потврдам дека ри-мечот е договорот. Првиот дел од сагата Хеј-Белју не одемше во моја корист, но ри-мечот ќе биде многу подобар“, изјави Хеј.
Белју беше поврзуван со меч со уште еден поранешен шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, и сега вели дека ова е само чекор пред тој дуел.
„Да бидам искрен сакав во мир да го поминам божиќните празници, но сега ќе мислам само на мечот. Имам јасен план за 2018 – прво да го нокаутирам Дејвид Хеј, а потоа да го суредам и Тајсон Фјури и да им ги завршам кариерите“, изјави Белју.