На два дена пред ри-мечот во Лондон, Дејвид Хеј и Тони Белју за малку ќе почнеа со пресметката предвреме.
Белју минатата година во меч во тешка категорија на двајца боксери кои „природно“ се во крузер-категоријата, го победи Хеј со технички нокаут, но му даде ри-меч поради фактот што противникот боксуваше со скршено стапало.
Иако Хеј е познат по своето скандалозно однесување, овојпат пресметката ја започна Белју кој го оттурна својот противник.
37-годишниот Хеј (28-3, 26 КО) е поранешен шампион во тешка категорија во ВБА верзијата, која ја загуби од Владимир Кличко во 2011 година, додека 35-годишниот Белју (29-1-2, 19 КО) беше ВБЦ шампион во крузер категорија.
Ohhhh sh*t it’s kicking off here, Bellew just shoved Haye differently ??? #BellewHaye2 pic.twitter.com/m4dGV2TKnR
— GRM Daily (@GRMDAILY) May 3, 2018