Германкат Денисе Хeрман триумфираше на првиот биатлонски спринт оваа сезона, откако освојувачката на бронза од штафетата од Сочи 2014, победи во Естерсунд, Шведска.
На Германката и беа доволни 19:54.8 за да ја помине патеката од 7.5 километри, така што можеше да си дозволи едно промашување и да заврши со 15.2 секунди пред Французинката Жастин Браиса и Украинката Јулија Џима, која беше трета и на индивидуалната трка на 15 километри во средата.