Top Sport

„Херминаторот“ му честиташе на Хиршер, но со „забелешка“

Со победата на ноќниот слалом во Шладминг во вторникот, австриската скијачка мега-ѕвезда Марсел Хиршер го помина израмни со уште едно легендарно име, Херман Маер со 54 победи во Светскиот куп, оставајќи го само Ингемар Стенмарк (87) пред него.

„Сакам да ја искажам мојата почит кон Марсел и да му честитам за 54. победа во Светскиот куп. Се надевам дека ќе продолжи да ја уништува конкуренцијата уште многу зими и ќе постави нов рекорди. Можеби ќе ги стигне моите четири кристални глобуси во една сезона и 13 победи во една зима“, се вели во соопштението на Маер, посочувајќи на неговиот успех во 2000/01.

Сепак, двократниот олимписки шампион од Нагано во 1998 година, Маер потсети дека неговата кариера за малку ќе беше прекратена по сериозната мотоциклистичка несреќа во која за малку ќе му беше ампутирана ногата во август 2001 година.

„Бројката на Марсел е импресивна, но мојата беше поставена во само четири сезони од Светскиот куп и повеќе од 40 победи ми избегаа поради една летна вечер“, посочи Маер.

Дека, на крајот, тој не се лути, „Херминаторот“ го пофали таткото на Хиршер, Фердинанд за „најдобрите мустаќи на светот“.

„На крај, да зборуваме за нешто што честопати се споменува во медиумите. Споредбите не важат. Само еден ги има најдобрите мустаќи, и тоа е тато Фердинанд“, заврши Маер.

Хиршер како „Херминаторот“, снежни топки за Кристоферсен (видео)

Scroll to Top