Top Sport

Хиршер ја уништи конкуренцијата за петта победа во Алта Бадија (видео)

Австриецот Марсел Хиршер беше апсолутно доминантен за победа на велеслаломот во италијанскиот ски-центар Алта Бадија со 1.7 секунди разлика. Ова е петта година едноподруго тој да триумфира на класичната трка од Светскиот куп.

Конкуренцијата можеше само да гледа како Хиршер е најбрз во двете возења со комбинирано време од 2:25.42, за 1.7 секунди побрзо од времето на Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, додека третото место изненадувачки го освои Словенецот Жан Крањец.

Со победата, Хиршер се врати на добар пат за да се бори за седмата титула едноподруго од Светскиот куп и покрај тоа што доби скршен зглоб на скочниот зглоб на тренинг во август.

„Кога се почувствував добро во второто возење, можев да нападнам и да го вклучам турбото. Скијањето обично не е многу забавно. Беше напорно, напорно. Но, кога ќе се помине целта и ќе се види зеленото светло е навистина забавно. Скијањето на лимит е многу забавно“, изјави Хиршер откако го помина Алберто Томба по бројот на победи на славната патека „Гран Риса“.

Ова е негова трета победа оваа сезона и 48. во кариерата со што се израмни со 374 поени на врвот во генерален пласман со Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал, кој победи во спустот во Вал Гардена во саботата.

И покрај доминацијата во Светскиот куп, Хиршер никогаш нема освоено олимписко злато, нешто што ќе има шанса да го смени во Пјеонгчанг во февруари.

Scroll to Top