Марсел Хиршер стигна до 47. победа во кариерата и 20. во слалом, откако иако беше осми по првата трка го доби слаломот во Вал Д’Изер враќајќи за лошата велеслаломска трка во саботата, во која се вплетка во едно знаме.
Шесткратниот шампион од Светскиот куп на силниот снег во францускиот ски-центар имаше комбинирано време од 1:41.94 да го победи својот најсериозен ривал последните неколку сезони, Норвежанецот Хенрик Кристоферсен за 0.39 секунди. Третото место отиде кај ветеранот Андре Мирер со 0.40 секунди послабо време.
Ова е втора победа на Хиршер оваа сезона, по триумфот на велеслаломската трка во Бивер Крик минатата недела.
Кристоферсен со 80-те поени за второто место, станува нов лидер во генерален пласман, со 285 поени, пред Хиршер со 274 и специјалистот за брзински трки Кјетил Јансруд од Норвешка со 249 поени. Четврти е уште еден Норвежанец кој не настапи овој викенд на Француските Алпи, Аксел Лунд Свиндал со 245 поени.
Женската супер-џи трка во Сент Мориц, која требаше да се смета и за натпреварувањето во комбинација кое беше одложено во петокот, беше одложен поради магла на патеката.
Машкиот Светски куп следниот викенд се сели во Вал Гардена, Италија на супер-џи и спуст во петок, односно сабота, додека во недела се вози традиционалниот велеслалом во Алта Бадија. Жените доаѓаат во Вал Д’Изер за три брзински трки.