Незапирливиот Марсел Хиршер остана на добар пат по седми пат да ја освои титулата од Светскиот куп во генерален пласман, откако доминираше на слаломот во Венген, Швајцарија.
Хиршер, кој ќе се обиде блескавата кариера да ја комплетира со прво олимписко злато во Пјеонгчанг следниот месец, победи со одлична предност од 0.93 секунди пред исфрустрираниот ривал од Норвешка, Хенрик Кристоферсен, кому оваа сезона како да му се судени вторите места (има седум втори места, од кои пет зад Хиршер).
Андре Мирер беше трет на тешката замрзната патека на која над 20 скијачи не успеаја да го завршат првото возење. Иако досега има 53 победи во Светскиот куп, ова е првпат Хиршер да победи во Венген, една од класичните трки на патеката, каде што последните две години победуваше Кристоферсен.
Хиршер има 974 поени на првото место во генерален пласман, 174 поени пред Кристоферсен. Ова беше осма победа на Хиршер оваа сезона.
“Hirscher è allucinante”: 1a vittoria a Wengen, 8a in stagione davanti al solito Kristoffersen… ??#EurosportSCI | https://t.co/yeuDfSfQxW pic.twitter.com/WTj9CQjUrA
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 14, 2018
На женскиот спуст во Бад Клајнкирхајм, Австрија, до прва победа оваа сезона стигна Италијанката Софија Гоџија еден ден откако нејзината сонародничка Федерика Брињоне триумфираше во супер-џи трката.
Гоџија, за која ова е трета победа во Светскиот куп, победи со 1.10 секунди пред Брињоне, а Надја Фанкини го комплетираше неверојатниот италијански подиум.
Американката Линдзи Вон не ризикуваше на тешката патека и заврши со неверојатни 3.03 секунди зад Гоџија надвор од топ 20. Трката беше одложена од саботата поради лошото време во текот на минатата недела.
Sofia Goggia, sei splendida! A Bad arriva la prima vittoria dell’anno, la terza in carriera… ????#EurosportSCI | https://t.co/yeuDfSfQxW pic.twitter.com/JAMRKlVysy
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 14, 2018