Поранешниот светски рекет број 1, Австралиецот Лејтон Хјуит беше толку импресиониран од победата на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен, велејќи дека тој е првиот фаворит на следниот гренд слем, Франција опен на Ролан Гарос, иако Рафаел Надал има 11 титули од Париз.
Ѓоковиќ го „смачка“ Надал во една од наједностраните пресметки меѓу двајцата великани во неделното финале.
„Тој станува посилен и посилен. Повторно е заедно со тренерот Маријан Вајда, се чувствува самоуверено и нема проблеми со повредите и има тим кој му помага да постави вистинска тактика против секого. Ќе биде тешко да го победи некој во Франција ако игра вака. Сакаше да покаже со својот тенис дека повторно е најдобриот. Но, јас не сум изненаден, бидејќи го познавам неговиот менталитет“, вели Хјуит.