Top Sport

Хјуит со тениски кам-бек во Мелбурн – ќе игра во двојки на Австралија опен

Поранешниот светски рекет број 1, Лејтон Хјуит ќе се врати на тениските терени за да настапи во двојки на домашниот гренд слем, Австралија опен во Мелбурн.

36-годишниот ветеран официјално се повлече од спортот по домашниот гренд слем во 2016 година, но се врати на терените двапати минатата година – во Дејвис купот и на Вимблдон. Сега, заедно со сонародникот Сем Грот, кој се повлекува по крајот на турнирот, ќе одигра уште еден турнир.

„Ќе биде забавно, како и секогаш на Австралија опен. Ќе се обидам навистина да уживам. Удиравме многу топчиња последните денови и нема да бидеме таму само да се појавиме“, вели Хјуит.

Тој ги освои гренд слем титулите во сингл на САД опен во 2001 и на Вимблдон во 2002 година, а во двојки го освои САД опен во 2000 заедно со Белорусинот Макс Мирни. Хјуит е актуелен капитен на австралискиот Дејвис куп.

Scroll to Top