Top Sport

Хјуит влегува во Куќата на славните

Австралиецот Лејтон Хјуит, освојувач на ју-ес опен во 2001 и Вимблдон во 2002 година, доби номинација за Куќата на славните тенисери во Њупорт.

Хјуит (40), во својата 18 годишна кариера, освоил 30 трофеи, а вкупно 80 недели бил на првото место, на АТП листата.

Хјуит кариерата ја заврши во 2016 година на Австралија опен, а последната титула ја освоил во 2014 година во Њупорт.

И по завршувањето на кариерата, Хјуит, остана во тенисот, во моментов е селектор на Девис куп репрезентацијата на Австралија.

Scroll to Top