Top Sport

Холандскиот член на ИОЦ ја нападнал својата девојка

Под притисок по обвинувањата дека ја нападнал својата поранешна девојка во 2015 година, Камиел Еурлингс си поднесе оставка од местото член на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).

„Жалам за тоа како се одвиваат работите. Дискусијата околу моите постапки фрла сенка на најважното – спортот и спортистите“, вели Еурлингс.

Тој беше обвинет за напад од својата девојка во 2015 година, но минатата година тие се договорија надвор од суд за тој да помине без кривична пријава. Еурлингс е поранешен пратеник и министер во Холандија и поранешен претседател на авио-компанијата „КЛМ“.

ИОЦ минатата година реши да не го истражува случајот, нарекувајќи го „приватна работа“, меѓутоа последните недели тоа повторно стана тема во Холандија откако тој призна дел од деталите во интервју за холандските медиуми.

44-годишниот Еурлингс го замени Кралот Вилем-Александер како холандски претставник во ИОЦ во 2013 година, кој замина од олимпиското движење кога стана холандски крал таа година.

Scroll to Top