Top Sport

Холанѓанецот Молема е победник на 14. етапа на „Тур д`Франс“

Холандскиот велосипедист Баук Молема победи на 14. етапа на „Тир д`Франс“ која денеска се возеше од Каркасон до Киан.

Возачот на „Trek-Segafredo“ етапата долга 183,7 километри ја помина со време 4 часа, 16 минути и 16 секунди.

Втор низ целта помина Австриецот, Патрик Конард со 1,04 минути заостаток, а со иста негатива зад времето на победникот беше и третопласираниот, Колумбиецот Серхио Игита.

Во генерален пласман водечки е минатогодишниот победник, Словенецот Тадеј Погачар пред Французинот, Жијом Мартен и Колумбиецот, Ригоберто Уран.

Следната етапа се вози утре, од Сереа до Андоре ла Велја, во должина од 191,3 километри.

Scroll to Top