Top Sport

Холифилд: Прерано ја прекинаа борбата, сакам меч со Тајсон!

Враќањето во рингот на Ивандер Холифилд (59) заврши неславно, се најде на подот уште во првата рунда во мечот против Витор Белфорт. Судијата ја прекина борбата, но поранешниот светски шампион во две тежински категории не се обесхрабрува.

„Витор е многу силен, успеваше да ме турка во рингот, но не бев здрман, не примив ниту еден удар кој ме повреди. Ме погоди во момент кога бев надвор од рамнотежа. Малку е тажно. Мислам дека судијата погреши што ја прекина борбата, не требаше тоа да го стори така брзо. Во следната борба би сакал да боксувам против Мајк Тајсон“ рече Холифилд кој се врати во рингот по пауза од 10 години.

Овој пораз беше 11-ти во неговата кариера.

„Железниот“ Мајк во рингот беше пред неколку месеци. Боксуваше против Рој Џонс Јуниор, а мечот заврши нерешено.

Scroll to Top