Јапонската тенисерка Наоми Осака ја елиминира Венус Вилијамс во осмина-финалето на турнирот во Хонгконг.
Осака (64 на ВТА листата) дуелот со петтата во светот, Венус Вилијамс го доби во два сета 7:5, 6:2 за 85 минути игра.
Јапонката во четврт-финалето ќе игра против шестата носителка Русинката Анастасија Пављученкова, која славеше над Американката Жаклин Како со 7:6, 6:1.
Пласман во четврт-финалето, со победата над Шелби Роџерс од САД 6:1, 2:6, 6:2, избори и Дарија Гаврилова од Австралија.
Гаврилова во четврт-финалето ќе игра против подобрата од дуелот помеѓу Каролин Вознијацки од Данска и Лизет Кабрера од Австралија. н.ц.