Top Sport

Хрват селектор на Србија на АТП Купот во Сиднеј?

Тениската репрезентација на Србија ќе учествува на претстојниот АТП куп кој од 1. до 9. јануари ќе се одржува во Сиднеј.

Се уште не е познато кој ќе биде селектор на репрезентацијата затоа што актуелниот кормилар – Виктор Троицки рече дека нема да патува на турнирот.

Се појавија шпекулации во Србија дека улогата на тренер може да ја преземе првиот светски тениски рекет – Новак Ѓоковиќ, а сега, хрватски „Вечерњи лист“ пишува дека селектор на српскиот тим во Австралија може да биде и Горан Иванишевиќ.

По правилата на турнирот првиот тенисер во селекцијата има право да ја преземе улогата на формален селектор на националниот тим. Сепак, доколку Ѓоковиќ сака комплетно да се посвети на играта, според правилникот, тогаш неговиот личен тренер ја презема селекторската функција.

Scroll to Top