Top Sport

Хрватска и Србија во интересно ватерполо-реми

Хрватска и Србија повторно одиграа возбудлив ватерполо дуел, откако во последното коло во групната фаза во Светскиот куп во Берлин одиграа 10:10 (4:2/2:3/3:3/1:2). Со овој резултат двете репрезентации одат во четврт-финалето, иако Хрватска го освојува првото место во групата Б.

Хрватска имаше водство од 3:0 и водеше во речиси целиот меч со разлика од еден или два гола. Анте Вукичевиќ на 3:40 пред крајот носи 10:8 водство за Хрватска, но во следниот напад, Огњен Стојановиќ намалува на 10:9. На минута пред крајот, Анџело Шетка, а грешката ја искористува Виктор Рашовиќ, кој на 52 секунди пред крајот израмнува на 10:10.

Хрватска во четврт-финалето ќе игра со четвртопласираниот во групата А, најверојатно Јапонија, и оди на првата титула во ова натпреварување по поразот во финалето во 2010 токму од Србија.

Scroll to Top