Хрватска и Србија сакаат пријателството меѓу двете земји да го крунисаат со заедничка организацијана големо спортско натпреварување, јавува хрватската ТВ „РТЛ“ по неодамнешната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ на свечената вечера организирана од хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во „Лисински“ ги открил плановите.
„Се договоривме да организираме заеднички некое големо натпреварување, некое Светско првенство. Тоа би го добиле ако одиме заедно, а претседателката е за. Се надевам дека и Андреј Пленковиќ, хрватскиот премиер ќе се сложи, а Ана Брнабиќ ќе ме послуша“, изјавил Вучиќ.
Планот, секако, не се однесува на СП во фудбал, за кое треба многу повеќе од добра волја, но не би пречело да има шампионат во кошарка, ракомет или спортот во кој двете нации се одлични, ватерполо.