Top Sport

Хрватски ММА борач загина во страотна сообраќајка

Во четвртокот во близината на Копривница во сообраќајна несреќа загина 31-годишниот хрватски ММА борач Ивица Вранко.

Според хрватските медиуми, Вранко бил на мотоцикл кога претекнувал возило и тоа возејќи на едно тркало, по што удрил во камениот мост и загинал на лице место. Моторот одлетал стотина метри напред.

Вранко е ММА борач од 2014 година, кога блесна на „ФФЦ Фјучрс“ натпреварувањето во Опатија, но последните две години беше надвор од рингот поради повреди.

Scroll to Top