На Македонија и останува да го направи своето – да ја победи Унгарија со 3:0 во СРЦ „Кале“ (и на добар пат е да го направи тоа по 25:21 победата во првиот сет), за да се пласира на Европското првенство, откако „коцките“ се поставија на своето место.
Откако прво Шведска со 3:0 (25:13, 25:19, 25:16) беше подобра од Азербејџан, Летонија ни „направи услуга“ и со 3:1 го победи Израел (28:26, 24:26, 25:23, 25:23), за да го „отвори“ патот на Македонија како една од петте најдобри второпласирани репрезентации во групата да влезат на ЕП.