Top Sport

И Меси бил „Девис куп реформатор“

Еден од основачите на групацијата „Космос“, фудбалерот на Барселона Џерар Пике, рекол дека единствениот од овој тим што е вљубен во тенисот.

Групацијата „Космос“ ги откупи правата за Девис купот, кој од оваа сезона започна да се игра според новиот формат.

Завршниот турнир ќе се одржува една недела, а ќе учествуваат 18 репрезентации. Домаќин на завршниот турнир оваа сезона ќе биде Мадрид.

Пике од самиот почеток беше активен и еден од најголемите поддржувачи на идејата за промена на форматот на Девис купот. Тој појаснил дека во целата приказна од почетокот бил и Лионел Меси.

„Меси е информиран од самиот почеток за промените. тој и самиот е вклучен во проектот на „Космос“. Тој е партнер, дел од нашето „Космос семејство“. Го сака тенисот. Се знаеме уште од времето кога дојде во клубот и секогаш со него сум ги споделувал мислите. Сака да биде дел од ова“, рекол Пике.

Меѓу луѓето што се вклучени во целиот овој проект се и еден од најбогатите луѓе во светот, тајкунот Лари Елисон и Јапонецот Хироши Микитани.

Завршниот турнир во Мадрид ќе се одржи од 18 до 24 ноември.

Scroll to Top