Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ беше задоволен од домашната фризура која ја доби во изолација од нејзината сопруга Јелена.
Ѓоковиќ, кој немаше загубено тениски мече оваа сезона пред прекинувањето на сезоната поради корона вирусот, живее во Марбелја во Шпанија, и во време кога одење на бербер се смета за „опасност“, тој и даде доверба на својата сопруга, за на крајот да биде сосема задоволен.
„Од пештерски човек до мојот човек. Во ова вонредно време човек ќе научи сешто“, напиша Јелена на својот Инстаграм профил, кој неодамна доби „беџ“ за „лажни вести“ откако таа сподели линк за поврзаноста на корона вирусот со 5Г телефонските мрежи.