Швајцарската скокачка со стап, 24-годишната Анжелик Мозер доживеа тешка повреда при еден тренинг.
Во еден од обидите за скок, стапот пукна на два дела додека таа беше во воздух, па спортистката наместо на душекот, со главата падна на бетонот. Веднаш по падот била пренесена во болница поради повреди на главата и грбот.
Поради повредите, најверојатно Швајцарката ќе мора да паузира до крајот на сезоната.
Еве како изгледаше несреќата на Мозер: