Top Sport

И Путин ќе го прими „херојот“ Хабиб

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов доби херојски пречек во својот роден Дагестан, а сега ќе добие шанса и да биде примен од рускиот претседател Владимир Путин добивајќи уште една „битка“ со Конор Мекгрегор.

Непоразениот Нурмагомедов по приемот во Махачкала пред илјадници фанови, оваа недела ќе присуствува на спортскиот форум во градот Уљановск, каде што ќе биде примен од претседателот Путин, кој му се јави по победата над Мекгрегор.

Ова доаѓа откако пред мечот, Ирецот Мекгрегор го обвини Нурмагомедов дека не го почитува сопствениот претседател, бидејќи самиот Мекгрегор се фотографираше со Путин на финалето на СП во фудбал во Москва во јули. Мекгрегор наводно беше „ВИП гостин“ на Путин на тој меч, додека Нурмагомедов си плати обична карта.

„Тој се фотографираше со Путин, но претседателот ми се јави мене. И тој е горд на мојот успех и ми честиташе“, изјави Хабиб во саботата.

Хабиб: Путин можеби се фотографираше со Конор, но мене ми се јави! (видео)

Scroll to Top