На 18 дена пред гала-вечерата во Монако, Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) ги објави шесте финалисти за наградата најдобар атлетичар за годината која изминува.
Кај мажите за наградата ќе се борат Катарецот Мутаз Еса Баршим, Британецот Мо Фара и Јужноафриканецот Вејд ван Никерк, додека кај дамите во финалето се Етиопјанката Алмаз Ајана, Гркинката Екатерини Стефаниди и Белгијката Нафисату Тиам.
Катарецот Баршим ја освои светската титула во Лондон во август во скок во височина, додека Фара се пензионираше од атлетските трки со злато на 10.000 метри и сребро на 5.000 метри. Ван Никерк ја оправда фаворитската улога на 400 метри, додека на 200 метри беше бронзен.
Грчката скокачка со стап, Стефаниди се покажа како најдобрата по владеењето на Елена Исинбаева, ддодека Алмаз Ајана, специјалистката за далечински трки веќе беше победничка во 2016 година. Тиам ги обедини олимписката и светската титула во седмобојот во Лондон.