Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ѝ забрани на да се натпреварува на атлетичарката, Кастер Семенја, поради зголеменото ниво на тестостерон.
Семенја е двократна олимписка и трикратна светска шампионска на 800 метри. Оваа одлука во нејзиниот тим е оценета како „големо кршење на човековите права“, поради што е најавена жалба до Судот за арбитража во Лозана.
По ова прашање се огласи и владата на Јужна Африка, откаде застанаа во одбрана на атлетичарката.
„Ова нема врска со спортот, во прашање се доведени женските тела, нивниот живот и можноста за егзистенција се доведени во прашање. Тука станува збор за женскиот идентитет, безбедноста…Ова е големо кршење на човековите права“, порачале од владата на премиерот на Токозила Џаса.