Top Sport

ИКАС 2019 викендов на Матка

Викендов во Скопје, во организација на Кајакарската федерација на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт (АМС). по 51 пат ќе се одржи Илинденски кајак слалом (ИКАС 2019).

На патеката Матка, учеството го најавиле 64 натпреварувачи од десет земји, кои ќе бидат поделени во шест категории.

Од македонските натпреварувачи најдобри шанси за добра резултат имаат Ангелче Петрушевски и Христијан Игнатов.

Во сабота ќе се одржат квалификациските трки од 10 часот, а во 13 часот ќе се стартува европскиот куп во спуст. Неделата е резервирана за полуфинални и финални трки во слалом од 10.30 часот.

Квалификациите ќе се одржат в сабота од 10 часот, додека од 13 часот ќе започне европскиот Куп во спуст.

В недела на програмата ќе бидат финалните натпревари во кајак слалом. Неделната програма ќе започне во 10:30 часот.

фото/ams.gov.mk

Scroll to Top