Тежок инцидент се случи во петокот, на олимпискиот „Изу“ велодром. Со сериозни повреди се здоби Холанѓанката, Лорин ван Ријзен.
33-годишната Ван Ријзен, по судирот со Британката Кејти Марчант, во четврт-финалето, во дисциплината Кејрин, заврши во болница.
Ван Ријзен ја скршила клучната коска, скршила неколку ребра и повреда на белите дробови.
Таа ќе остана 24 часа по лекарски надзор, за да и бидат направени дополнителни испитувања.
Ван Ријзен не се сеќава на ништо што е поврзано со инцидентот.