Милош Раониќ и Хуан Марин дел Потро ја формираа втората полу-финална двојка, на машкиот дел од мастерсот во Индијан Велс. Раониќ славеше над Сем Квери, а Дел Потро го победи Филип Колшрајбер.
Раониќ, некогаш светски рекет број 3 кој сега се наоѓа на 38.позиција на АТП листата, во крајно неизвесен меч успеа да го победи Сем Квери 7:5, 2:6, 6:3.
Канаѓанецот до црногорско потекло оваа сезона е во очајна форма, од почетокот на годината има само една победа, успеа поголема борба да се извлече од неколку тешки ситуации и на крајот да слави против одличниот Квери.
Исто така, Раониќ по пауза од 10 месеци ќе игра полу-финале на некој турнир.
Три сета за пласман во финалето играше и Дел Потро против 34-годишниот Колшрајбер. Аргентинецот славеше со пресврт 3:6, 6:3, 6:4.
Дел Потро го доби мечот иако не блескаше, Колшрајбер беше подобар во текот на целиот меч, но Аргентинецот имаше повеќе среќа и концентрација во клучните моменти.
Победникот од ова полу-финале, во финалето ќе игра против Роџер Федерер или Борна Чориќ.