Top Sport

ИОЦ казни уште пет руски зимски олимпијци

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) додели уште пет доживотни суспензии од настап на Олимпијадите за руски зимски спортисти пред гласањето за дозвола на Русија да настапи на Олимпијадата во Пјеонгчанг во февруари.

Сергеј Чудинов, Алексеј Негодаило, Дмитриј Труненков, Јана Романова и Ола Вилухина се најновите суспендирани.

Негодаило и Труненков беа дел од боб-четвороседот на Русија кој освои злато во Сочи во 2014 година, додека Романова и Вилухина освоија сребро во биатлонската штафета, а Вилухина сама освои сребро на 7.5 километри.

Досега дури 19 руски спортисти добија доживотни суспензии за Олимпијадите од 1 ноември.

Кој сè е суспендиран?

ОСВОЈУВАЧИ НА ЗЛАТО

Александер Легков, 50 км крос-кантри скијање

Алексеј Негодаило, боб-четворосед

Дмитриј Труненков, боб-четворосед

Александер Зубков, боб-четворосед и боб-двосед

Александер Третјаков, скелетон

ОСВОЈУВАЧИ НА СРЕБРО

Олга Фаткулина, брзо лизгање 500 метри

Јана Романова, биатлон-штафета

Олга Вилухина, биатлон-штафета и 7.5 км биатлон

Максим Вилегжанин, 50 км крос-кантри скијање

Машка штафета 4х10 км крос-кантри скијање

Машки спринтерски тим класично крос-кантри скијање

ОСВОЈУВАЧИ НА БРОНЗА

Елена Никитина, скелетон

ДРУГИ

Евгениј Белов, крос-кантри скијање

Јулија Иванови, крос-кантри скијање

Сергеј Чудинов, скелетон

Алексеј Петухов, крос-кантри скијање

Евгенија Шаповалова, крос-кантри скијање

Марија Орлова, скелетон

Олга Потилицина, скелетон

Олга Стулнева, боб-санкање

Александер Румјанцев, брзо лизгање

Наместо суспензија, сè поблиску до руски бојкот на Олимпијадата

Scroll to Top