Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) додели 11 доживотни суспензии од настап на Олимписките игри за руски спортисти по скандалот на ЗОИ во Сочи во 2014 година.
Меѓу позвучните имиња меѓу суспендираните се освојувачите на сребро во санкање од Сочи, Татјана Иванова и Алберт Демченко.
„Досега, бројот на дисциплински постапки од Сочи 2014 стигна до бројката 46 по дополнителните анализи. Не можеме да исклучиме можност дека ќе има и други случаи во блиска иднина“, велат од ИОЦ.
Новите 11 спортисти кои се суспендирани се санкачите Иванова и Демченко, натпреварувачите во брзо лизгање, Иван Скобрев и Артјом Кузнецов, нордиските скијачи Никита Крјуков, Александер Бесмртних и Наталија Матвеева, боб-санкачите Људмила Удобкина и Максим Белугин и хокеарките Татјана Бурина и Ана Шчукина.