Иранецот Саџад Ганџзадех на неверојатен начин освои златен олимписки медал во карате.
Ганџзадех е прв олимписки шампион, во категоријата над 75 килограми. До првото место, Иранецот, дојде и покрај тоа што беше нокаутиран во финалето од Тарег Хамди од Саудиска Арабија.
Поради недозволен удар, Хамди, доби дисквалификација.
Иранецот најпрвин беше на носилка изнесен од борилиштето за да му се укаже лекарска помош, а го доби златниот медал, но откако дојде при себе.