Американскиот тенисер Џон Иснер се повлече од настап на првиот годинешен грен слем, Австралија Опен. Иснер, кој е најдобропласираниот Американец на АТП листата (25 место) е вториот меѓу 30-те најдобри светски тенисери, по Роџер Федерер, што нема да настапи на турнирот во Мелбурн.
„Останувам дома, во оваа фаза од кариерата и од животот, секогаш размислував дека ќе бидам со семејството и ќе патувам со нив. Само што во овој момент не сакав толку долго да бидам одвоен од нив“ рече Иснер.
Вчера Иснер беше поразен од Себастијан Корда (20) во четвртфиналето во Делреј Бич. Набрзо потоа Иснер образложи зошто не оди во Австралија. Интересно е што наведе идентична причина како и швајцарскиот ас.
„Втората опција беше да дојде сам во Мелбурн (без семејството), но така би бил барем 5 недели без сопругата и децата. Тогаш рече, `4 деца, 20 френ слемови, не сум веќе во можност да останувам без семејството 5 недели`“ прераскажа Андре Са, човекот задолжен за комуникација со тенисерите во име на Тенискиот сојуз на Австралија.