Top Sport

Испратен со свирежи – Кирјос се повлече од Акапулко (Видео)

Ник Кирјос во првото коло ја предаде титулата која ја бранеше на турнирот во Акапулко. Австралиецот откако го загуби првиот сет со 6:3 му го предаде мечот на Иго Умбер од Франција.

Кирјос го предал мечот поради повреда на зглобот на раката. Поради оваа повреда тој претходно не настапи на турнирот во Делреј Бич.

Контроверзниот тенисер се обиде да игра против Умбер, а откако тоа не му го дозволи повредата, дел од публиката некоректно го испрати со свирежи.

Австралиецот не им остана должен на тие „хејтери“ на прес конференцијата по мечот.

„Буквално е…о не ми е важно за нив. Не сум здрав, се обидев да играм, на турнирот му помогнав онолку колу што можен…Искрено к.р ме боли“, рекол Кирјос.

Бидејќи нема да ја одбрани титулата во Акапулко Кирјосс го очекува голем пад на АТП листата. Тој ќе назадува 23 позиции и од понеделник ќе се наоѓа на 38 место во светот.

Scroll to Top