Top Sport

Италија грубо оштетена во полу-финалето против Шпанија (Видео)

Домаќините на Европското првенство во ватерполо, Шпнаците, не заслужено преку Италија изборија пласман во финалето.

Победата Шпанија, во полу-финалето, над Италија 8:7, остана во сенка на последниот напад што го изведоа Италијаните.

Во последните секунди, Италија, која во последните пет минути ја испушти предност 5;7, имаше напад за израмнување, Пјетро Фиљоли постигна гол, меѓутоа не го не го признаа судиите.

На снимката јасни се гледа дека топката по ударот на Фиљоли, со целиот обем ја минала замислената гол-линија.

Овој спорен момент уште еднаш ќе ја поттикне расправата за воведување на гол технологија и во ватерполото.

Шпанија, утре од 22:15 часот, ќе се бори за златниот медал против Србија, додека два часа порано Италија и Хрватска ќе го одиграат мечот за бронзениот медал.

Scroll to Top