Top Sport

Италија избори пласман во полу-финалето на АТП купот

Италија избори пласман во полу-финалето на АТП купот во Мелбурн. Италија по Австрија, во групата, забележа победа и над Франција.

Победата против Франција, италијанските тенисери, ја обезбедија во сингл мечевите. Фабио Фоњини со 6:1/7:6 го победи Беноа Пер, а Матео Беретини со 6:4/6:2, беше подобар од Гаел Монфилс.

Поенот во дубл им припадна на француската комбинација Мау/Рожер-Васелин.

Италија, како победник во Ц-групата, во полу-финалето ќе игра против најдобриот тим од Д-групата. Во оваа група се Русија, Аргентина и Јапонија.

Scroll to Top