Top Sport

Италијанец – екс олимпиец со нов светски рекорд на ладното езеро Титикака

Поранешниот олимписки пливач, Андреа Ориана постави нов светски рекорд во студеното езеро Титикак, најголемото пловно езеро кое е опкружено со Андите, меѓу Боливија и Перу.

47-годишникот преплива над 20 километри без пливачко одело за 5 часа и 33 минути, оборувајќи го претходниот рекорд. Подвигот е до толку поголем ако се знае дека езерото е на 3.812 метри надморска висина.

„Тешко е да се плива на оваа надморска висина. Без заштита, на 12 степени Целзиусови, многу е ладно“ рече Ориана.

Италијанецот кој кожата ја намачка со восок пливаше од т.н. планински врв „Заспаниот змеј“ на источиот брег до Месечевиот остров.

„Многу сум среќен што го срушив светскиот рекорд токму на Титикака“ рече тој.

Scroll to Top