Италијанската фрлачка на диск, Дејзи Осакуе излезе од болницата во Торино откако беше погодена со јајце фрлено од автомобил во напад за кој таа верува дека е поврзан со нејзината раса.
22-годишната Осакуе, чии родители се дојдени во Нигерија, добила оштетување на видот при нападот во јужно Торино, и изјави дека по 10-месечните тренинзи во САД се вратила во „поинаква“ Италија, обвинувајќи го министерот за внатрешни работи Матео Салвини за влошувањето на состојбата.
„Има атмосфера на насилство и тоа ме плаши. Се надевам дека ќе можам да настапам на Европското првенство во Берлин следната недела“, вели Осакуе, италијанска рекордерка под 23 години.
Осакуе, која студира во Тексас, инсистира дека била нападната намерно кога си одела дома кратко по полноќ.
„Тие не ме нападнаа мене како личност, како Дејзи, туку како млада црна жена. Во таа област има многу проситутки и тие мислеа дека и јас сум една“, вели Осакуе.
Полицијата во Торино пак, дава поинаква верзија на настаните, посочувајќи и дека и претходно овој месец имало напади со јајца од автомобил и се сомневаат дека нападот е расно поврзан. Минатата недела три девојки во областа Монкалиери во Торино беа нападнати со јајца додека си заминувале од еден ресторан.