Top Sport

Италијанскиот диџеј го пријави Мекгрегор во полиција

Италијанскиот диџеј, Франческо Факинети потврди дека го пријавил УФЦ фајтерот Конор Мекгрегор на полицијата, тврдејќи дека Ирецот го нападнал кога двајцата присуствувале на настан во хотелот „Сент Реџис“ во Рим на 19 октомври.

33-годишниот Мекгрегор со неговата партнерка Ди Девлин беа во Италија за крштевката на неговиот најмал син, Рајан, и 41-годишниот Факинети и неговата сопруга, 39-годишната Вилма Фаисол тврдеа дека биле нападнати.

Во интервју за „ЕСПН“, Факинети вели дека нема желба да го види Мекгрегор во затвор, но дека сака да се потенцира насилничкото однесување на ММА ѕвездата во последно време. Инцидентот се случи откако Мекгрегор во септември се обиде да се тепа со раперот Машин Ган Кели на МТВ наградите, а Мекгрегор беше осуден и за нападот на старец во паб во Даблин во 2019 година.

„Се работи за етика, а Конор е е.ано опасен човек. Тоа е проблемот. Што ќе се случи ако утре удри некого и тој почине? Што ќе се случи со угледот на ММА борбите? Не се работи ниту за пари, јас сум доволно богат човек, имам сопруга, четири деца, имам мој живот. Не ми требаат 10 милиони од Конор Мекгрегор“, вели Факинети.

Мекгрегор натепал италијански Ди-џеј

Scroll to Top