Меѓународната тениска федерација (ИТФ) му ги намали казните на поранешниот романски тенисер Илие Настасе.
Поради упатени навреди и недолично однесување за време на натпревар во Фед купот, Настасе, до 2019 година беше суспендиран од Фед и Дејвис купот, а од спортот до 2021 година.
ИТФ двете казни му ги намали за осум месеци, а му ја зголеми паричната казна, па поранешниот тенисер ќе мора да плати казна од 20.000 долари.
Настасе за време на мечот Романија-Велика Британија во Фед купот, ја навредувал Британката Џоана Конта и селекторката Ен Кеотавонг и му се заканувал на судијата.
Исто така тој упатил навредливи коментари за нероденото дете на американската тенисерка Серена Вилијамс.