Top Sport

Иванишевиќ: Што сè му прават на Новак, некој горе го гледа тоа

Горан Иванишевиќ, славниот шампион од Вимблдон и тренер на Новак Ѓоковиќ вели дека светскиот рекет број 1 ја покажал својата величина со убедливата победа над Данил Медведев во три сета во финалето на Австралија опен за своја 18-та гренд слем титула.

Тој вели дека односот на медиумите кон српскиот тенисер е очаен.

„Новак остана смирен и го направи тоа за што разговаравме. Тактички беше многу добар. Оваа победа му беше потребна, а некој горе гледа што му прават сите, медиумите… Се сомневаа дури и во повредата. Некој може да поднесе болка, некој не“, вели Иванишевиќ.

Тој признава дека очекувал повеќе од Медведев.

„Не е лесно да се носиш со притисокот на гренд слем финале, а Новак покажа колку е голем. Знам низ што помина за да го освои турнирот. Не сум го видел одамна Данил да не знае што да прави“, вели Хрватот.

Scroll to Top