Top Sport

Иванишевиќ: Србите го закопаа Новак, но тоа е „балканска глава“!

Горан Иванишевиќ во интервју за српскиот портал „Курир“ вели дека е јасно дека навива за Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос и ги обвини српските медиуми дека предвреме го „закопаа“ светскиот рекет број 1 пред две години.

„Кога го повреди лактот, сите го закопаа, посебно во Србија. Го следев тоа, му ископавте гроб, влеговте во теории на заговори. Дали јаде месо, зошто е толку слаб… Јас знаев дека ќе се врати, бидејќи тоа е балканска глава, силен е тој, посебно ментално. Малку во еден период скршна од патот, но тоа е нормално, но сега повторно е доминантниот тенисер“, вели хрватскиот поранешен освојувач на Вимблдон.

На Ролан Гарос, единствениот гренд слем каде што Ѓоковиќ има само една титула, Србинот игра со Александер Зверев во четврт-финалето.

„Ако ги следите досегашните мечеви на Ролан Гарос, се работи како за трка меѓу Ферари и Југо. Да, и Југото вози, но ќе се распадне, додека Ферарито не застанува. Новак игра со фантастична смиреност и знае што сака. Само тој и Надал може да победат во Париз. Ќе навивам за Ноле“, вели Иванишевиќ.

Scroll to Top