Калин Ивановски не успеа да го мине првото коло на јуниорскиот Ролан Гарос. Македонската тениска надеж, на старот, со пресврт загуби од Жоао Фонсека со 6/7, 6/4, 6/2.
Ивановски, лошо го започна мечот, два пати го загуби својот сервис, неговиот противник имаше водство 2:5. Сепак направи спектакуларен пресврт, израмни на 6:6, а потоа тај-брејкот го доби до 7:3.
На почетокот на вториот сет тенисерите си разменија по еден брејк, потоа беа изедначени до 4:4, кога Фонсека повторно направ брејк, а потоа и го освои вториот сет.
Решавачкиот сет се одвиваше по исто сценарио како првиот, со таа разлика што Ивановски не успеа да се врати во мечот откако Фонсека повреде со 2:5.