Американскиот тенисер Џон Изнер во септември првпат стана татко и вели дека е пресреќен од новата етапа во животот со сопругата Медисон, велејќи дека не е невозможно да се биде и тенисер и добар татко, посочувајќи го примерот на Роџер Федерер.
Швајцарскиот Маестро има два пара близнаци – дветегодишните девојки Мајла Роуз и Шарлин Рива и четиригодишните момчиња Лео и Лени.
„Тој го направи тоа двапати, што можеби е дури поимпресивно од тоа што го правеше на тенискиот терен. Дефинитивно заостанувам во однос на него. Но, ако даде Бог, би сакал да имам уште деца. Засега тука е ова едно. Немам многу искуство, но беше одлично да се помине време со него. Не отидов на азиските турнири само за да бидам дома. Не е толку лудо како што мислев“, вели Изнер.